Friday, June 04, 2010

Negativ-но

Уште кога чув дека ќе дојдат во Хавана, си реков дека местото е утка! Зошто? Не се тие Елементал (кои ги обожавам btw). Не, тие се Негатив, рок-бенд кој уште одамна допира до младите генерациии (сега веќе и постари, имајќи предвид дека првиот албум им излезе во 1999). Феноменалниот водечки вокал т.е. гласот на Ивана Петерс може да се поистовети со оној на Skin, од Skunk Anansie. Тоа беа времиња!

Си ветив дека нема да го пропуштам концертот, долго време беше закажуван, па откажуван...Отидов и....страшно! Убаво (нели, долгоочекувано!), но истовремено страшно. Како да се наоѓав на Златно славејче, само таму културно си седев до мама и ги слушав песничките. Добро, можеби ќе потпевнев понекоја, но во никој случај не им рикав на луѓето до мене.

Со драгиот ми, сфативме дека има голема разлика помеѓу девојките-рокерки и оние, те-клаберки-те-раперки-те-не-знам-какви. Во случајов, ги претпочитав оние последните. Па, покрај тоа што шетаат наоколу како на модна писта, барем знаат да се извинат ако те згазнат или те истушираат со пијалокот. Овие, првиве, се невидено разлутени, бесни и bad-ass-motha-fucka-уфилмани. Разбирам дека музиката доста влијае на состојбата на умот, на расположението и изразот на лицето, но можеби треба да се запрашаат дали тоа што го слушаат навистина ги прави среќни. Не ми изгледаа за такви.

Јас пак, имам поинакво искуство. Сум имала епизоди, кои на (плитко и засрамувачко) реално шоу, како оние на MTV, би наликувало на The Osbournes ( : Да, Ja bih te sanjala пуштена до даска, боса, ќе скокав од еден крај на собата до друг додека очајно се обидував да го извадам вокалот на Ивана од моите гласни жици. Неуспешно, секако, но wow, тоа беше добар вентил за таа негативна, пуста тинејџерска енергија. Би им го предложила тоа на сите наши рокери и рокерки out there. Го делам нивниот вкус за музика, но не и начинот на слушање на истата.

Пропуштивме да уживаме во тоа што се вика редок вокал и во тоа што, инаку, би било одличен концерт.

Еве 2 минути од концертот во Хавана, Скопје.


No comments:

Post a Comment