Wednesday, December 15, 2010

Зимски MUST-HAVEs

Верувам дека никој од нас не беше изненаден кога падна снегчето и официјално ни ја круниса зимата која одамна се вовлече во нашето маало, град, држава, секојдневие...Како и за секое годишно време, па така и за ова, треба да избереме парчиња облека кои ќе ни бидат "statement" парчиња на т.н. инаугурација на зимата! ;)

Одвоив неколку значајни. Веќе си испазарив неколку, но за тоа ќе прочитате во мојот следен запис...

 Капутчиња во безброј варијанти...






Чевли (чизмички над колена, каубојки, итн.)






  
Statement парченца (шеширче, мала ташничка, ракавици)









Се надевам ви се допадна мојот избор, фотографиите направени од прекрасната Garance Dore' и нејзиното волшебно окце. Се надевам и дека ќе го мрднете газето (хихихи), ќе осмислите ваш зимски стајлинг и ќе прочепкате низ рафтовите дома и по продавниците за да си ги најдете своите омилени парченца облека и accessories.

Sunday, December 12, 2010

Есенскиот дожд и дождовните чизмички

И во Скопјето не' фати треската на дождовни чизмички. По коментарите кои стасаа до мене, многу од овдешните девојки се срамат да ги облечат, најверојатно затоа што потсетуваат на работниците по селата, по калта :)

Истиве беа тренд надвор од Балканов уште во последните 3-4 години. Подолу ќе најдете интересни боички и комбинации со нив. За мене, тие се одличен и интересен додаток на досадното еднобојно фустанче или пак скини-фармерчињата со долга блузичка или кошулка.

Скрол надолу :) Додадов уште некои парчиња есенска облека, нешто што е неизбежно на овие дождови, но и одличен зачин на сечиј стајлинг!

Дождовни чизмички...







Дождовни мантилчиња...




Thursday, September 23, 2010

Транзиција...

...од лето кон есен.

За оние кои се љубители на есента и на убаво парче облека, следат слики кои ја отсликуваат модната транзиција од едно годишно време во друго.
Низ Скопјево наидов на нови колекции (Cotton, Kaliope, CPH Fashion) кои содржат џемперчиња како овие на сликите. Не се многу дебели (јас, искрено, немам навика да носам многу дебели џемпери имајќи предвид дека на работа отсекогаш ми било доволно топличко), се прилепуваат на торзото и се неверојатно женствени иако имаат забележлив машки twist.
Искомбинирајте ги со долги и интересни синџирчиња/ѓерданчиња, со убаво сукњиче или панталонки со високо струкче, есенска штикла која ја издолжува нога и буди неверојатна женствена сексипилност и voila! Спремни сте да зачекорите по скопските (или други) улици со имиџ на девојка која е апсолутно прекрасна и се носи со својата едноставност (како девојките на сликите).


Photo by: Garance Dore'


 Photo by: The Sartorialist


Photo by: Forever 21

Thursday, July 01, 2010

Меки витлери за тврдоглава коса ;)

Порано сум била голема мрза кога се работело за правење фризури и затоа сите ме знаат по репчето или пунџата на глава :) Во последно време тоа се менува. Најверојатно затоа што првпат, како паметам за себе, имам долга коса (јипии јеееј!).

Моето влакно е густо и цврсто и многу тешко се справувам со него, а уште потешко го виткам. Имав еден куп видови на витлери дома (од класичните железни со ластик до Северин фен со еден куп додатоци, меѓу кои и фигаро), но за мене се овие најдобри само затоа што можам да спијам со нив. Меки се :) Којзнае колку ќе се изненадите, но од топ шоп се. Ги имам одамна купено и тие се едни од ретките нивни производи кои ми се свиѓаат. Не знам дали уште се во продажба, но ако најдете слични земајте ги, особено ако ви треба доооолго време за косата да ви се навитка.




Мојата рутина: Навечер, после бањање, ставам пена на косатa (Schwarzkopf, Taft Curly look mousse) и откако малку ќе се засуши, ја делам косата на два дела (лева и десна страна) и секој еден дел на шест помали. Правам дванаесет прамени коса бидејќи има 12 сунѓерести витлери во пакетот (вие може да направите повеќе или помалку, како сакате). Секој од витлерите има копченца (не знам како се викаат, но ќе ги видите на сликата подолу). Откако ќе навиткаш прамен на нив (јас го виткав праменот нанадвор) правиш само „клип“ и готово :) Меки се и лесно си заспивам со нив. Ставив слика како ми изгледаше косата утредента, откако ги извадив.

DSC_7075

DSC_7025

DSC_7049

Тоа е мојата рутина. Имате своја? Или можеби друг производ кој е добар и кој дава супер ефект nа кадрава коса (копнеам по таква)? Оваа од Schwarzkopf е ок, знае да ја разбрани косата дури кога е фенирана најобично. Но, ако има подобра, кажувајте ;)

Sunday, June 27, 2010

Boyfriend Јeans


Boyfriend jeans се едни од моите најомилени трендови летово. 
Мислам дека машките парчиња облека стојат многу секси на девојка. Особено ако девојката знае да си поигра со нив на најженствен и најсекси можен начин :) 
Кежуал маичка која нема да биде ниту премногу долга, ниту премногу кратка, која ќе биде барем едно бројче поголемо од она кое обично го носите (XS->S, S-M, итн.) и на која ќе има интересен напис или долго ланче. 
Рамни ципелки (како кај Katie Holmes), римјанки (како кај Rachel Bilson), апостолки (како на сликата со Гвинет), интересни италијански The Godfather машки чевли (како на сликата со Whitney Port) или пак сандалки на штикличка би ја заокружиле перфектната летна, наизглед спонтана и многу секси комбинација.
Слични вакви фармерки може да се најдат во Теранова, Котон или Калиопе (но, ако знаете, додајте уште некои местенца каде може да се купат).








Friday, June 18, 2010

Летен шопинг

Сфатив дека ме фати летната треска откако на шопинг по роденденски подароци се вратив дома со неколку подароци од мене, за мене :)

Ми се допаѓа што Скопје го следи трендот на модата. Може да се најдат фармерки-шалвари и панталони-шалвари, маички со тантела на нив и многу фустанчиња со цветни дезени.

Се потрудив да останам при себе и на малку работи не успеав да одолеам :)
Еве кои (клик на нив за поголема резолуција):

Маичка од Котон (во Рамстор)
Цена: 790 МКД
Однапред изгледа многу обично, но затоа одзади е целата со тантела. Одлична е за летниве горештини. Во комбинација со долго сребрено ланче со интересен привезок на него, таа може да изгледа одлично.

        

Гаќички-бикини од Кара (во ГТЦ)
Цена: 69 МКД
Состав: 90% најлон, 10% спандекс
Ги има во различни бои и големини и многу се удобни, посебно за летно време. Би ви препорачала да побрзате да си купите, снемува бројчиња. Мора да прочепкате сами по купчето затоа што вработените таму се многу мрзливи. Чудно нешто, не добив ниту една насмевка иако мене обравчињата ме болеа од смеење :) Тоа е што е!
Купив повеќе и тоа во различни бои. За оние кои носат М, доколку не најдете боичка во големина М, земете или во L или во XL и нема потреба од грижа (ќе ви бидат точни) :)
Убавото кај нив е што нема да оформуваат линија т.е. нема да се оцртуваат на облеката.

                       

Руменило и сенка за очи од Кара (во ГТЦ)
Цена: Руменило 99 МКД, сенка за очи 39 МКД (на попуст)
Не сум користела шминка од Кара. Не знам колку е квалитетна. Одлучив да пробам затоа што цената е многу достапна и нема да ми биде криво ако случајно не ми одговараат на лицето. Имате ли користено шминка оттаму? Што мислите за неа?
Направив и мостра (swatch) за да добиете претстава за палетата на бои. Јас имам малку потемен тен и многу ми се допаѓа како стојат.


Мостра (од лево кон десно): руменило, светло-кафена сенка, темно-кафена сенка за очи.

          

Friday, June 04, 2010

Шопинг reviews

Не знам колку ќе се согласите со мене кога ќе кажам дека девојките не знаат како да негуваат вистински пријателства со други девојки само затоа што помеѓу нив застануваат работи како што се чевлите или штосната маичка која една ќе ја купи, а другата веднаш ќе посака да ја има. ;)

Безвезен пример, ама да, мислам дека знаеме да претераме за ситници и дека многу често зависта и љубомората не можат да се отстранат и си функционираат како вирус во пријателството од кој никако не можеш да се откачиш.

Често наидувам на работи кои се евтинки, неопходни или на попуст/распродажба. Мислам дека нема да биде лошо да ги ставам на блогов и да ги споделам цените/местата/евтините работи со вас.
Би била пресреќна кога сите би си поставувале мислења (reviews) за купените работи, дали вредат, дали не, итн.


Чајче од Виталиа (турбо стартер).
Цена: не сум сигурна, околу 80 ден. (знаев дека ќе заборавам ако не запишам :) )
Место: Во кој било голем маркет, па дури и во самата продавница на Виталиа на Зелено пазарче.
Мислење: Многу, многу добар. Малку е киселкаст, но не знам дали потсвесно или не, делува! Некако сум поенергична, со повеќе елан. Секое утро ќе си направам еден литар од ова чајче и уште еден од антицелулитниот на Good Nature. Се трудам да пијам многу течности, здраво е за организмот, за кожата, за се'.

DSC_7119




Турпија за нокти со четири лица :) (не знам како да ја наречам)
Цена: 55 ден.
Место: Големата аптека на Рекорд (никако не ми текнува на името, ама ќе го видам и ќе го запишам следниот пат)
Мислење: Има четири страни (обележани се со бројки од 1 до 4: 1. File; 2. Remove ridges; 3. Buff; 4. Polish & Shine). Многу ми се допадна на почетокот. Ноктите стануваа мазни и полирани/сјајни. Не знам колку знам да ја користам и дали е воопшто до мене ама откако ја користам, ноктите ми станаа покршливи, односно слоевите како да почнаа да се лупат. Ја користи некој оваа турпија? Ќе продолжам да ја користам за да видам дали е воопшто до тоа или до нешто друго.

DSC_7106


Антибактериски гел за раце
Цена: 55 ден.
Место: Во која било аптека (јас го купив во онаа големата на Рекорд)
Мислење: Малку потечен од другите кои сум ги имала, но функционира. Има алкохол во него, се чувствува мирисот. Тоа малку ги прави рацете посуви, но обавезно го користам, посебно кога сум на шопинг и фаќам се' и сешто веќе испофаќано од секого и секакви :) Не остава некој посебен мирис после користење (тоа малку ме тера да пробам друг откако ќе го потрошам овој). Ги обожавам оние со убав мирис.

DSC_7109




Гумени сандалки од Melissa (модел: Ultragirl slingback)
Цена: 1.480 ден.
Место: Полини во ГТЦ
Вебсајт: http://www.melissaplasticdreams.com/home/macedonia
Сите нивни модели: http://www.polyvore.com/melissa_shoes/shop?brand=Melissa&category_id=41
Мислење: Никогаш претходно не би погледнала гумени чевли (наречени jelly shoes), но овие на бразилскиот бренд Melissa ги посакувам одамна. Дури и Вивијан Вествуд има дизајнирано за нив, но тие модели ги немаше во Полини. Одвнатре не се гумени, само однадвор. Малку се тешки за носење долго време, особено затоа што гумата не се шири и прилагодува на стапалото, туку останува иста. Секое носење ми дава сензација на сефте облечени чевли :) Но, ги обожавам. Изгледаат одлично со што било: фармерка, фустанче, панталона, сукња...се'. Ги имаше во повеќе бои, лилава (многу убава боја ама немав со што да ги носам), златна (одлична за летно време), сина, итн.

DSC_7110

DSC_7096

Тоа е се' за шопингот тој ден. Земав уште некои ситници, но некако се небитни :) Се надевам ви се допаднаа овие.
Послушајте ме и носете антибактериски гел во ташна, секогаш ќе ви биде од корист.
Тоа е се' за денес.
Имајте убав ден и пишете ако има добри зделки, попусти или интересни летни парчиња низ Скопјето.
Се читкаме наскоро :*

Секојдневен и префинет изглед со обетки

Секојдневен и префинет изглед со обетки или менѓуши (така ги викам јас) :)

Шеткав низ СК и видов дека има мал базар на рачно-изработен накит, точно на улица Македонија. Мммм, наидов на многу убави обетки кои обожавам да ги носам и имам прилично голема колекција од нив. Си купив едни преслатки големи обетки за само 80 ден. Велам само бидејќи рачниот труд на луѓето што ги прават треба да вреди многу повеќе. Не се работи само за специфични материјали и бои на менѓушите, туку и за совршена презентација на нечија бујна креативност. Браво за нив!

Еве како изгледаат моите нови обетки (оние шаренките), но сликав уште два пара други (сребрени/метални и бронзено/метални).

Сакав да го споделам со вас моето мислење дека големите обетки може да бидат многу убав додаток на облеката во секаков стил (обична летна, грациозна за прослава или урбано-трендовска за разно-разни забави).

Јас обожавам да ги носам со косата фатена во високо репче (како што ќе забележите на сликите ;) ) Мислам дека така изгледаат поубаво и обетките и девојките што ги носат, особено оние девојки со срцевидна форма на лице (како што е моето).

DSC_7543

DSC_7521

DSC_7533

DSC_7537

Но, направив и фото-компилација со повеќе стилови и начини за носење на обетките. Познати фацки ги носат на најразлични начини и во најразлични кежуал и свечени прилики. Може да ги ѕирнете подолу и да ми кажете што мислите. Дали и како носите менѓуши? Со што најчесто ги комбинирате?

Earrings Celebs copy

Се надевам ви се допаѓаат фотките, пратете ми линк ако наидете и на други специфични изгледи со нив.

Се гледаме низ град со обетки ;)

Запознајте ги Ден и Шена!

Тој, фотограф.

Таа, уметник.

Кучето, нивното најомилено друштво.

Со години си го замислувам моето идеално живеалиште, но никогаш нема добиено конечна форма. Еднаш е куќа, другпат е стан, па понекогаш дури студио на таванот од некоја зграда во Meat District, во Њујорк.

Но, домот на Ден и Шена ми изгледа како совршена комбинација, направена од сите мои мисловни слајдови кои можат да го претстават секој агол на мојот идеален дом!

Мојот идеален дом е всушност наш, на мене и на мојот драг. Тој ги опфаќа сите сфери од нашиот живот. Полиците со книги како дел од нашиот интелектуален развиток, меката еднобојна постела како дел од нашата интимна блискост, сликата The Kiss од Климт и онаа со два пара дланки и мали стапала од нашите омилени и најмлади уметници (како дел од нашето минато и нашата крв), па дури и керамичките теглички на полицата во кујна, една со планински чај, друга со оној од јасмин, трета со житарици, четврта со тутунот за наргиле со вкус на зелено јаболко, итн.

Домот на Ден и Шена е сличен на оној мојот, во моите мисли. И тие изгледаат среќно, мирно и духовно исполнети. И тие изгледаат како да немаат ниту една грижа на светов, благодарение на таа сигурност во нивните приоритети.

Ова се Ден и Шена во својот дом:

9_21_09_DanShannan09534

9_21_09_DanShannan09536

Дрвото е присутно насекаде низ куќата. Таа е направена да изгледа старомодно, со селски елементи кои контрираат на оние модерните, како што е масата со столчиња, па дури и корпата за ѓубре во позадина.

9_21_09_DanShannan09539

Тоа што е интересно е кујната. Дрвена, старомодна, полна со теглички туршија, домашен џем и прекрасно домашно лепче. Кујна од соништата :)

9_21_09_DanShannan09556

9_21_09_DanShannan09547

9_21_09_DanShannan09544

Спалната е се' што се и самите тие, разиграна, топла и полна со убава енергија.

9_21_09_DanShannan09550

Како централен дел од нивното засолниште е градината. Покрај прекрасниот базен, тие си посадиле и краставички, тиквички, зелени и црвени мали доматчиња. Епа, преслатко. Секој кој може да си оддели време за хоби кое бара посебна грижа и нега е човек кој е пресреќен во животот и кој знае да ги цени тие мали нешта во животот кои усреќуваат како ништо друго на светот.

9_21_09_DanShannan09530

9_21_09_DanShannan09533

9_21_09_DanShannan09526

Скрол надолу и погледнете ги останатите убавини од нивниот дом, а јас...јас ќе го наполнам стаклениот, огромен сад во центарот на мојот дневен престој со карамели, бајадери и кики. Слатки, затоа што мојот живот е сладок :)

9_21_09_DanShannan09553

9_21_09_DanShannan09514

Thanks to: Selby