Friday, June 04, 2010

Секојдневен и префинет изглед со обетки

Секојдневен и префинет изглед со обетки или менѓуши (така ги викам јас) :)

Шеткав низ СК и видов дека има мал базар на рачно-изработен накит, точно на улица Македонија. Мммм, наидов на многу убави обетки кои обожавам да ги носам и имам прилично голема колекција од нив. Си купив едни преслатки големи обетки за само 80 ден. Велам само бидејќи рачниот труд на луѓето што ги прават треба да вреди многу повеќе. Не се работи само за специфични материјали и бои на менѓушите, туку и за совршена презентација на нечија бујна креативност. Браво за нив!

Еве како изгледаат моите нови обетки (оние шаренките), но сликав уште два пара други (сребрени/метални и бронзено/метални).

Сакав да го споделам со вас моето мислење дека големите обетки може да бидат многу убав додаток на облеката во секаков стил (обична летна, грациозна за прослава или урбано-трендовска за разно-разни забави).

Јас обожавам да ги носам со косата фатена во високо репче (како што ќе забележите на сликите ;) ) Мислам дека така изгледаат поубаво и обетките и девојките што ги носат, особено оние девојки со срцевидна форма на лице (како што е моето).

DSC_7543

DSC_7521

DSC_7533

DSC_7537

Но, направив и фото-компилација со повеќе стилови и начини за носење на обетките. Познати фацки ги носат на најразлични начини и во најразлични кежуал и свечени прилики. Може да ги ѕирнете подолу и да ми кажете што мислите. Дали и како носите менѓуши? Со што најчесто ги комбинирате?

Earrings Celebs copy

Се надевам ви се допаѓаат фотките, пратете ми линк ако наидете и на други специфични изгледи со нив.

Се гледаме низ град со обетки ;)

No comments:

Post a Comment