Friday, June 18, 2010

Летен шопинг

Сфатив дека ме фати летната треска откако на шопинг по роденденски подароци се вратив дома со неколку подароци од мене, за мене :)

Ми се допаѓа што Скопје го следи трендот на модата. Може да се најдат фармерки-шалвари и панталони-шалвари, маички со тантела на нив и многу фустанчиња со цветни дезени.

Се потрудив да останам при себе и на малку работи не успеав да одолеам :)
Еве кои (клик на нив за поголема резолуција):

Маичка од Котон (во Рамстор)
Цена: 790 МКД
Однапред изгледа многу обично, но затоа одзади е целата со тантела. Одлична е за летниве горештини. Во комбинација со долго сребрено ланче со интересен привезок на него, таа може да изгледа одлично.

        

Гаќички-бикини од Кара (во ГТЦ)
Цена: 69 МКД
Состав: 90% најлон, 10% спандекс
Ги има во различни бои и големини и многу се удобни, посебно за летно време. Би ви препорачала да побрзате да си купите, снемува бројчиња. Мора да прочепкате сами по купчето затоа што вработените таму се многу мрзливи. Чудно нешто, не добив ниту една насмевка иако мене обравчињата ме болеа од смеење :) Тоа е што е!
Купив повеќе и тоа во различни бои. За оние кои носат М, доколку не најдете боичка во големина М, земете или во L или во XL и нема потреба од грижа (ќе ви бидат точни) :)
Убавото кај нив е што нема да оформуваат линија т.е. нема да се оцртуваат на облеката.

                       

Руменило и сенка за очи од Кара (во ГТЦ)
Цена: Руменило 99 МКД, сенка за очи 39 МКД (на попуст)
Не сум користела шминка од Кара. Не знам колку е квалитетна. Одлучив да пробам затоа што цената е многу достапна и нема да ми биде криво ако случајно не ми одговараат на лицето. Имате ли користено шминка оттаму? Што мислите за неа?
Направив и мостра (swatch) за да добиете претстава за палетата на бои. Јас имам малку потемен тен и многу ми се допаѓа како стојат.


Мостра (од лево кон десно): руменило, светло-кафена сенка, темно-кафена сенка за очи.

          

No comments:

Post a Comment