Friday, June 04, 2010

Колач со вишни a la Cuddlepie


Мњам, мњам :)
Секогаш кога се будам (покрај ритуалот во бањата) следи ритуал со правење турско кафе во кујна, резервирање на фотелјата (it's mine!), пуштање на ТВ и листање на дневните весници на мојот телефон, ѕиркање новости на fb, twitter, yahoo mail i blog.mk, итн. Овојпат, во кујната ме чекаа намирниците на сликата. Моите дома одлучиле да им го направам мојот famous колач во кој сите уживаат, колачот со вишни.
Бидејќи ми беа потребни буквално 10 минути за спремање на колачот, си реков „Зошто па да не?“ :)
Сигурна сум дека има доста варијанти на ова благо задоволство, но еве ја мојата...
Ни требаат следниве состојки:
Колач со вишни a la Cuddlepie
2 јајца
2 чашки шеќер
1 чашка масло
1 чашка млеко
3 чашки брашно
1 пециво
1 канче вишни
Се мешаат сите заедно. Овојпат (велам овојпат затоа што многу често менувам распоред на состојки) почнав со јајцата, па шеќерот. Мешав, па додадов чашка брашно со пецивото во него (мешав) па млекото (мешав), па маслото (и пак мешав) :), за на крај да ги додадам преостанатите 2 чашки брашно. Јас користев поголем филџан (не чаша), но не би требало да има некоја разлика се’ додека ја користите истата чашка за мерење на сите состојки.
Смесата, течна, но и густа, ја ставив во поголем кружен плех (ми се допаѓа кога тестото е потенко) и над неа ги додадов вишните. Вишните ги купувам замрзнати (во Веро ги продаваат замрзнати во бела кутија со вишни на неа, но и во зелена кеса која мислам дека има повеќе грама вишни). Не е лошо да ги оставите да се одмрзнат пред тоа, не сакате да се стопат во рерната и наместо колач, да испадне кашесто тесто поради водата :)
Совет 1: Вишните знаат да ги обојат прстите и ноктите, а потоа се убиваш од миење со сјај, прашок, сапун итн., но бојата никако нема да излезе. Затоа пред да ги фатам, ставам масло на прстите од двете раце. Тоа помага бојата да не навлезе во кожата, туку да се лизга по неа. После само топла вода и сапунче и суперичка (како да не си имал/а работа со вишни) :)
Го ставаш плехот во претходно загреана рерна, на 220 степени и печеш околу 15-тина минути или се’ додека не добие бронзена боја.
Совет 2: За да се осигураш дека колачот е доволно испечен, земи чачкалица и боцни ja на средина. Извади ја и погледни дали на чачкалицата има останато од смесата за колачот, дали се прилепила. Ако да, врати го во рерна. Ако не, it's done! :)
Откако ќе го извадиш, остави го да се излади. Потоа, нароси му шеќер во прав и voila! Bon apetit! ;)


No comments:

Post a Comment