Friday, June 04, 2010

Запознајте ги Ден и Шена!

Тој, фотограф.

Таа, уметник.

Кучето, нивното најомилено друштво.

Со години си го замислувам моето идеално живеалиште, но никогаш нема добиено конечна форма. Еднаш е куќа, другпат е стан, па понекогаш дури студио на таванот од некоја зграда во Meat District, во Њујорк.

Но, домот на Ден и Шена ми изгледа како совршена комбинација, направена од сите мои мисловни слајдови кои можат да го претстават секој агол на мојот идеален дом!

Мојот идеален дом е всушност наш, на мене и на мојот драг. Тој ги опфаќа сите сфери од нашиот живот. Полиците со книги како дел од нашиот интелектуален развиток, меката еднобојна постела како дел од нашата интимна блискост, сликата The Kiss од Климт и онаа со два пара дланки и мали стапала од нашите омилени и најмлади уметници (како дел од нашето минато и нашата крв), па дури и керамичките теглички на полицата во кујна, една со планински чај, друга со оној од јасмин, трета со житарици, четврта со тутунот за наргиле со вкус на зелено јаболко, итн.

Домот на Ден и Шена е сличен на оној мојот, во моите мисли. И тие изгледаат среќно, мирно и духовно исполнети. И тие изгледаат како да немаат ниту една грижа на светов, благодарение на таа сигурност во нивните приоритети.

Ова се Ден и Шена во својот дом:

9_21_09_DanShannan09534

9_21_09_DanShannan09536

Дрвото е присутно насекаде низ куќата. Таа е направена да изгледа старомодно, со селски елементи кои контрираат на оние модерните, како што е масата со столчиња, па дури и корпата за ѓубре во позадина.

9_21_09_DanShannan09539

Тоа што е интересно е кујната. Дрвена, старомодна, полна со теглички туршија, домашен џем и прекрасно домашно лепче. Кујна од соништата :)

9_21_09_DanShannan09556

9_21_09_DanShannan09547

9_21_09_DanShannan09544

Спалната е се' што се и самите тие, разиграна, топла и полна со убава енергија.

9_21_09_DanShannan09550

Како централен дел од нивното засолниште е градината. Покрај прекрасниот базен, тие си посадиле и краставички, тиквички, зелени и црвени мали доматчиња. Епа, преслатко. Секој кој може да си оддели време за хоби кое бара посебна грижа и нега е човек кој е пресреќен во животот и кој знае да ги цени тие мали нешта во животот кои усреќуваат како ништо друго на светот.

9_21_09_DanShannan09530

9_21_09_DanShannan09533

9_21_09_DanShannan09526

Скрол надолу и погледнете ги останатите убавини од нивниот дом, а јас...јас ќе го наполнам стаклениот, огромен сад во центарот на мојот дневен престој со карамели, бајадери и кики. Слатки, затоа што мојот живот е сладок :)

9_21_09_DanShannan09553

9_21_09_DanShannan09514

Thanks to: Selby

No comments:

Post a Comment