Thursday, July 01, 2010

Меки витлери за тврдоглава коса ;)

Порано сум била голема мрза кога се работело за правење фризури и затоа сите ме знаат по репчето или пунџата на глава :) Во последно време тоа се менува. Најверојатно затоа што првпат, како паметам за себе, имам долга коса (јипии јеееј!).

Моето влакно е густо и цврсто и многу тешко се справувам со него, а уште потешко го виткам. Имав еден куп видови на витлери дома (од класичните железни со ластик до Северин фен со еден куп додатоци, меѓу кои и фигаро), но за мене се овие најдобри само затоа што можам да спијам со нив. Меки се :) Којзнае колку ќе се изненадите, но од топ шоп се. Ги имам одамна купено и тие се едни од ретките нивни производи кои ми се свиѓаат. Не знам дали уште се во продажба, но ако најдете слични земајте ги, особено ако ви треба доооолго време за косата да ви се навитка.




Мојата рутина: Навечер, после бањање, ставам пена на косатa (Schwarzkopf, Taft Curly look mousse) и откако малку ќе се засуши, ја делам косата на два дела (лева и десна страна) и секој еден дел на шест помали. Правам дванаесет прамени коса бидејќи има 12 сунѓерести витлери во пакетот (вие може да направите повеќе или помалку, како сакате). Секој од витлерите има копченца (не знам како се викаат, но ќе ги видите на сликата подолу). Откако ќе навиткаш прамен на нив (јас го виткав праменот нанадвор) правиш само „клип“ и готово :) Меки се и лесно си заспивам со нив. Ставив слика како ми изгледаше косата утредента, откако ги извадив.

DSC_7075

DSC_7025

DSC_7049

Тоа е мојата рутина. Имате своја? Или можеби друг производ кој е добар и кој дава супер ефект nа кадрава коса (копнеам по таква)? Оваа од Schwarzkopf е ок, знае да ја разбрани косата дури кога е фенирана најобично. Но, ако има подобра, кажувајте ;)

No comments:

Post a Comment